Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван во југозападниот дел на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.
-Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала – се наведува во соопштението.
Од Опсерваторијата упатија и повик до граѓаните за прибирање податоци за сеизмолошките истражувања. – За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112 – апелираат од Сеизмолошката опсерваторија.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
