Земјотрес од 4,2 степени по рихтер ги разбуди скопјани
Земјотрес о јачина од 4,2 степени според Рухтеровата скала утрово во 4 часот и 8 минути ги разбуди жителите на Скопје и околината. Според сеизмолошката опсерваторија епидентарот бил во близина на Петровец и Марино на длабочина од 15 километри. Земјотресот беше со силен звук кој дополнително ги вознемири граѓаните.
-Сеуште се свежи секавањата на Скопје на серијата земјотреси од минатата година , најсилниот беше на 11 септември во 15 часот и 10 минути со јачина 5,2 степени според Рихтер.
Поради земјотресите од лани скопјани утрото го поминале во паника и вознемиреност.
На скопјанецот Фузи Зенделовски утринскиот земјотрес му ги вратил сеќавањата и на катастрофата од 63 година. Со семејството живееле во стара куќа која се срушила до темел. Тогаш имал 7 години и вели дека само шкафот му го спасил животот.
За среќа денешниот земјотрес не предизвика материјални штети туку само вознемиреност кај граѓаните.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
