Зголемен број пациенти со убоди од инсекти во Куманово
Зголемен број пациенти со убоди од инсекти, информираа денеска од општа болница Куманово. Пациентите бараат помош за реакции по каснување од комарци, но не се исклучени и случаи со убоди од крлежи. Здравствените работници апелираат на зголемена претпазливост, особено во летниот период кога ризикот е зголемен. Од кожното одделение посочуваат дека во последните недели зголемен е бројот на граѓани кои бараат стручни совети за кожни реакции. Најчести се симптоми од алергиска природа, кои доколку не се смират со антиалергиска терапија или локален антихистаминик, треба да се третираат под надзор на лекар.
Според дерматовенерологот и началник на одделот, д-р Лилјана Пандиловска, најранливи се децата, кои поради интензивното чешање често предизвикуваат секундарни инфекции на кожата.
– Секојдневно имаме случаи, особено кај мали деца кои не можат да се смират од чешањето. Тоа води до појава на црвенило, отоци, па дури и бактериски инфекции. Родителите се вознемирени бидејќи децата не спијат, а воспаленијата изгледаат сериозно, изјави д-р Пандиловска.
Во летниот период, облеката е исто така клучен фактор за заштита. Препораките се да се носи светла, лесна гардероба од природни материјали, обувки за да се избегне непосреден контакт со инсекти и за полесна видливост.
МИА
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија