Македонија
10. October 2018 - 17:43

Зголемен бројот на бездомници во пунктот Момин Поток

Коцкањето го направило бездомник. Таир Даут некогаш имал приватна фирма и семејство, а веќе 5 години живее на улица. На коцка изгубил се, а завршил и во затвор.

-Коцката ме направи бездомник, во деведесетите имав приватна фирма за електро материјали, но на коцка изгубив се, изјави Таир Даут.

 Таир двапати неделно доаѓа во пунктот во Момин Поток. Тука добива храна, облека, здравствен преглед, ја одржува личата хигиена. Тој е еден од 180-те бездомници кои изминатите 10 години ги користат услугите на Црвениот крст. Секој е со различна судбина.

- Пред две недели бројот на лица кои на дневна основа го посетуваа пунктот изнесуваше од 48 до 55, а во последните две недели е зголемен бројот на 65 лица, истакна Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.

Од скопскиот Црвен крст на денот на бездомништвото најавија проширување на објектот во Момин поток и правеле напори пунктот да работи 24 часа во текот на целата година, а не само во зима кога температурите се под нулата.