Жена убиена во Струмица?
Нема нови информации во врска со 67-годишната жена која денеска била пронајдена мртва во куќа во Струмица. И понатаму не е познато дали таа починала од природна смрт или пак се работи за убиство како што се шпекулира.
Од полицијата само го потврдија случајот, но детали не соопштија. Потврда за настанот добивме и од Основното јавно обвинителство, но дополнителни информации и од таму нема. Информираа дека јавен обвинител врши увид во куќата во која била пронајдена жената, но детали најавија по целосното завршување на увидот и прибирањето на доказите.
Просторот околу куќата во која е пронајдена жената е обезбеден. Таму и вечерва може да се забележат екипи кои работат на истрагата.
Мртвото тело на 67-годишната било пронајдено денес попладне во куќа во самиот центар на градот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
