Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 метри надморска височина), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија, информираат од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.
- Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.
На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитетот во планинарењето.
Претходно, тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.
МИА
Ново на Сител
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите