Македонија
7. April 2023 - 16:29

13 месечното дете со морбили е во добра здравствена состојба

Резултатите од денешниот контролниот преглед на штипско инфективно одделеение на 13 месеченото дете од Свети Николе заразено со морбили покажале дека е во добра здравствена состојба. Детето беше пуштено на домашно лекување, цело време било без температура, без никакви потешкотии и без кашлица.

- Денес за време на прегледот, наодот на белиуте дробови беше уреден, во добра состојба и назначени се препораки за понатамошно домашно лекување, затоа што следува период на целосно опоравување на детето-иззјави Дијана Шишкова-Гајдарџиска, раководител на инфективно одделение-КБ-Штип.

Педијатрите и матичните лекари внимателно ги следат сите сомнителни пациенти и веднаш ги препраќаат на инфективно. 

- Ни беа испраќани пациенти со исип, под сомнение дека се работи за морбили, за дијагностицирање на болеста, на станува збор за други исипни заболувања, така што единствен случај на морбили е 13 месечното дете- додаде Шишкова-Гајдарџиска

Пред да биде заразено, детето било на лекарски прегледи во Скопје, а Комисијата за заразни болести истражува како и каде е инфицирано.