19-годишник од Македонија уапсен во Србија, пукал и се обидел да го убиел Алибег – поранешен водач на „Гробари“
Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачите на белградски „Партизан“.
Според српските медиуми, осомничениот А.А. бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија.
По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на 19-годишникот му е одредено полициско задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.
Според обвинителството, инцидентот се случил на 8 јули 2025 година на улицата „Народних хероја“ во Нов Белград.
Се сомнева дека младиот Македонец испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во моментот на нападот се наоѓал во својот автомобил.
Алајбеговиќ, познат по прекарот Алибег, е поранешен водач на навивачката група на „Партизан“, позната како „Гробари“. Српските медиуми наведуваат дека и претходно бил цел на вооружени напади.
Надлежните органи во Србија продолжуваат со постапката за утврдување на сите околности околу нападот и евентуалната одговорност на осомничениот.
Ново на Сител
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
