Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
Најновите информации од Центарот за управување со кризи покажуваат дека до 13 часот на територија на државата активни се шест пожари, а четири се ставени под контрола.
ЦУК информира дека евидентирани се вкупно 14 пожари.
Активни се пожарите на планината Готен кај селото Нивичино, потоа кај селото Бешиште во општина Прилеп, кај селото Црешнево во општина Македонски Брод и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип.
Остануваат активни и пожарите кај селото Јунузлија во општина Карбинци и кај селото Гумалево во општина Зелениково.
По контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево во општина Македонски Брод и исто така и кај селото Грешница, како и меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино.
МИА
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати