Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари. Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати.
Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон границата со Грција. Третиот активен пожар е меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција најави дека во гаснењето на пожарот на планината Готен ќе биде ангажиран и чешки хеликоптер и пожарникари од Словенија, а помош понудиле и Австрија и Франција.
МИА
Ново на Сител
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител