Американски медиуми: Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен од американските специјални сили за време на викендот, се очекува денеска за првпат да се појави на суд, се наведува во извештаите на американските медиуми.
Сослушувањето на федералниот суд во Њујорк е закажано за пладне по локлано време (17 часот по Гринич), објавија вчера Ен-Би-Си Њуз, Нујорк Тајмс и други, пренесе ДПА.
Што точно ќе се случи на судското сослушување првично остана нејасно.
Авторитарниот 63-годишник и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени рано во саботата од американските специјални сили во венецуелската престолнина Каракас и изнесени од земјата.
САД го обвинија Мадуро првенствено за наркотероризам. Се тврди дека го искористил својот авторитет, кој САД го сметаат за нелегално стекнат, за да овозможи транспорт на илјадници тони кокаин во САД.
Во обвиненијата се наведува и дека Мадуро имал лична корист од ова. Според тврдењата објавени од американската државна обвинителка Пам Бонди на платформата X, тој наводно се здружил со трговци со дрога.
Мадуро веќе беше обвинет во САД во 2020 година за трговија со дрога. САД поставија еден вид награда за Мадуро. Сега, всушност, постои ажурирано обвинение.
Неговата сопруга и син се ко-обвинети. Обвиненија има и против сегашниот и поранешниот министер за внатрешни работи и лидер или ко-водач на криминалната организација Трен де Арагуа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
