Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително била побарана помош од екипи од Прилеп и Кавадарци.
- Благодарение на храбрите пожарникари од Битола и Кочани, селото беше спасено, рече Ангелов, посочувајќи дека теренот бил тежок, со ридови и висока вегетација, а огнената линија била долга.
Во интервенцијата учествувале и доброволци од Битола, од кои дел се наголтале чад. Ангелов предупреди дека без навремена интервенција огнот можел да помине низ селото, во кое има повеќе од 50 куќи и живеат повеќе од десет лица, меѓу кои и мајка со бебе.
Сериозна е состојбата и кај селото Палиград во Општина Студеничани, каде пожарот повеќепати бил ставен под контрола, но повторно се активира поради тешкиот терен, високите температури и силниот ветер. Таму се ангажирани професионални пожарникари, возило „Пинцгауер“ на ДЗС и три „ер трактори“.
Активни пожари има и на териториите на Маврово-Ростуше и Кичево.
Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни, предупредувајќи дека една искра може да предизвика голема катастрофа.
МИА
Ново на Сител
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
