Антонио Кошта пристигна во Скопје

- Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
- Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, напиша на Фесбук министерот Муцунски.
Веднаш по пристигнувањето, Кошта замина во Владата на разговори со Мицкоски. Предвидена е тет-а-тет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.
Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.
Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.
Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.
- Мојата втора турнеја на Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Импулсот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати - изјави Кошта пред посетата на регионот.
Во Скопје тој допатува од Тирана, а посетата ја почна вчера од Сараево.
Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.
На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
