Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

Апелацискиот суд на САД привремено ги врати речиси сите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА. Понизок суд претходно ги блокираше царините на американскиот лидер.
Судот моментално го разгледува случајот, соопшти Апелацискиот суд во документ објавен денеска.
Судот, исто така, соопти дека страните во случајот треба да презентираат дополнителни аргументи во врска со нивните ставови.
Администрацијата на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката на Судот за меѓународна трговија во Њујорк, кој ги прогласи речиси сите царини на претседателот за нелегални.
Советникот за трговија во Белата куќа, Питер Наваро, денеска изјави дека администрацијата на Трамп ќе бара начини да ги задржи царините на сила дури и ако на крајот ги изгуби правните битки околу својата трговска политика.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
