Бауер: НАТО е сериозно загрижен од улогата на Кина во меѓународната безбедност

Кинеската воена индустриска база расте и активно го поддржува рускиот воено индустриски комплекс и Кина брзо го проширува својот воен арсенал, вклучувајќи го и нуклеарниот, без каква било форма на транспарентност, порача досегашниот претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.
– НАТО е сериозно загрижен од улогата што Кина ја игра во меѓународната безбедност. НАТО експлицитно и порача на Кина: не можете да седите на две столици.
Кина не може од една страна да каже дека сака да одржува добри односи со Западот и да тврди дека ја поддржува Повелбата на ОН, а во исто време да продолжува да ја поттикнува војната во Европа, истакна Бауер, кој од денеска должноста му ја препушта на италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне.
Според Бауер, „зголемената усогласеност“ меѓу Русија, Кина, Северна Кореја и Иран има за цел да ги поткопа демократските норми и вредности на Западот, за што е потребен обединет силен одговор.
– Затоа инвестираме повеќе време и енергија во воената соработка, интероперабилност и размена на знаење и експертиза со нашите партнери, нагласи холандскиот адмирал.
Бауер порача дека НАТО со своите партнери експлицитно ги разгледува можностите за заедничко справување со „сеприсутната нестабилност ширум светот“ и за меѓусебно зајакнување.
– Колективната одбрана е задача за колективот. Тоа бара сојузниците да стојат еден покрај друг.
Потребна е активна соработка со партнерите и тоа бара активно учество општеството во целина, вклучувајќи го и приватниот сектор, изјави Бауер, изразувајќи увереност дека НАТО има капацитети да ги направи неопходните промени и да ја зголеми својата издржливост.
Ново на Сител
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
