Македонија
9. February 2026 - 18:49

Без вода утре делови од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (вторник, 10.02), од 9 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на корисниците од улиците: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“ во општина Карпош поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

 

МИА