-->
-->
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-->
Во куќа во Кавадарци пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Постои сомнеж дека смртта настанала како резултат на кривично дело, затоа што телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.
Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител, информираат од Обвинителството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР