Бизнисот на протест по Божиќ
Авансното плаќање на струјата - нов шок за компаниите. Покрај раскинувањето на договорите без никаков основ од страна на снабдувачите, сега, за да склучат нов, им барале однапред да платат по 500 евра за мегават час. Тоа, според Комората за енергетика е надвор од законот и правилникот за снабдување. Бараат помош од Владата, во спротивно најавуваат масовен штрајк по Божиќ.
Какво е тоа авансно плаќање? Тоа е надвор од сите закони. Незаконски е да им се раскинуваат договорите на компаниите и да им се бара струјата да ја плаќаат однапред, а Владата треба да ги обесштети компаниите за раскинувањата на договорите што се случија во овој период бараме Регулаторната Комисја да реагира, во спторивно, ќе сноси одговорност, вели, Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика.
Изминативе два месеци се соочиле со тројно зголемување на цената на струјата. Сега, по најавите за ново поскапување, по нова година, и на струјата, но и на гасот, Манасков вели, голем дел од бизнисите ќе мора да ги зголемат цените на производите или ќе стават клуч на врата.
Владините институции, Министерството за економија, Регулаторната Комисија бараме да ни помогнат, да се спасат граѓаните и компаниите. Да го издржиме овој тежок период, јануари и февруари месец, додава Манасков.
Да се се спречи енормно зголемување на цената на електричната енергја, Владата попладнево донесе измени и дополнувања на Уредбата и условите за прогласување кризна состојба во случаи на хаварии и нарушувања на пазарот на електрична енергија, начинот на снабдување, но и регулирање на правата и обврските на носителите на лиценци за вршешење електроенергетски дејности. Исто така, за да се намалат трошоците за набавка на струја на ЕВН ХОУМ, во услови на кризна состојба, компанијата ќе може да не набавува електрична енергија од повластените производители на обновливи извори, туку од ЕСМ, чија цена е пониска.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
