Бизнисот поддржува раст на минималната плата, но предупредува и на ризиците
“Да” за зголемувње на минималата плата во некои сектори, не кај сaмостојните вршители на дејност. Занаетчиите, малите бизниси ако мора да исплаќаат плати од 18.000 денари, тешко дека ќе преживеат, сметаат од Бизнис конфедерацијата. Сакаат повисок животен стандард на работниците, како и почитување на нивните права, но признаваат дека има и злоупотреби.
- Работодавачите треба да се грижат за своите вработени, а Владата да креира услови за да им помогне, како политичка и економска предвидиливост, вели вицепремиерот Битиќи. Најави помош за нив и наредната година.
Соработката и комуникацијата помеѓу бизнисот и работодавачите е важна и неопходна, сметаат од Европската Унија. Но, за да има стабилна и добра економија, потребно е владеењето на правото.
- Во последниот Извештај за земјата, како предуслов за проширување на Унијата и започнување на претпристапните преговори, е наведено дека треба повеќе да се работи на владеење на правото. Ова е централното прашање дали земјата е подготвена за влез во Унијата.Земјата треба да ја забрза реформата во образовниот процес, да се зајакнат мерките против неформалната економија, потребно е законодавство во енергетската ефикасност, дигитализација, изјави Џулијан Васело, заменик шеф на Делегацијата ан ЕУ во земјава.
За успешен бизнис потребни се среќни и задоволни работници, смета Синдикатот. Затоа не отстапуваат од барањето за зголемување на минималната плата, како и раст на сите останати, согласно коефициентот на работното место
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
