Боко Харам уби 23 војници во Чад

Припадници на Боко Харам синоќа нападнаа воен пункт и убија 23 војници, соопшти денеска Армијата на Чад.
Во нападот што се случи на островот Барка Толором повредени се 26 војници.
Во соопштението на Армијата на Чад се наведува дека „значителен број припадници на Боко Харам се неутрализирани“.
Претседателот на Чад, Махамат Идрис Деби нападот го оцени како кукавички чин.
Според податоци на Обединети нации, Боко Харам изминатите 10,5 години уби неколку илјади луѓе, а расели милиони луѓе. Групата продолжува со своите акции во делови од Нигерија, Камерун, Чад и Нигер.
Боко Харам, што на арапски јазик значи Луѓе посветени на ширење на учењето на пророкот и светата борба, е формирана во 2002 година во Нигерија, за подоцна да се прошири низ соседните држави.
Организацијата преку се бори за воведување на шеријат. Боко Харам е против западното образование, западната култура, современата наука, а исто така е против организирање избори.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
-

Обвинителот Игорчо Крстов бара Ива Михаилова јавно да се извини за клеветењата
-

Во некои одделенија и по 10 ученици немаат втора доза на МРП вакцина
-

Преглед на вестите од светот
-

Ребалансот на буџетот и Законот за јавни набавки со над 2000 амандмани на Собраниска седница
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
