Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски гpаѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко, се наведува во соопштението од МНРиНТ.
Од таму појаснуваат дека станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.
Со реализацијата на овие летови, како што посочуваат од Министерството, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.
Министерството уште еднаш нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.
Воедно информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Нови удари и елиминации во Иран
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
