Централната банка на САД повторно ги покачи каматните стапки за 0.75 отсто
Федералните резерви (Фед), како што уште се нарекува централната банка на САД, ги покачи каматните стапки за 0.75 отсто со намера да се запре галопирачката инфлација.
Ова е трет пат годинава со исто такво големо покачување по оние во јуни и јули. Во овој период, Фед ги зголемува трошоците за зајмување во САД со најбрзо темпо во изминатите децении. Сепак, чекорот засега не придонесе толку за намалување на цените.
Инфлацијата во август беше 8.3 отсто, за малку пониско од јули.
Во САД цените на бензинот навистина се намалија од рекордните во јуни, додека половните возила и, на пример, авионските билети можеби поевтинија до некаде, но другите трошоци како за кирија, прехранбени продукти и струја, продолжија да растат.
Уште повеќе, високите цени се проширија и кај стоки и услуги кои не се директно поврзани со пандемијата или војната во Украина, укажувајќи дека инфлацијата добила на замав и не може да биде зауздана набргу.
-Инфлацијата е сè уште во црвено и нема да се намали толку брзо од очекуваното. Фед управува со пораката ’комплицирана љубов‘, укажувајќи дека каматните стапки ќе бидат повисоки и подолго од очекуваното, изјави Грег Мекбрајд, главен финансиски аналитичар во Bankrate.com.
Ново на Сител
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници