ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола
Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:00 часот. Од нив активни се шест, еден е под контрола, а изгаснати се три.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се ожарите во „Јасен“ каде гори мешана шума, во Општина Долнени помеѓу селата Лажани и Кошино каде е зафатена ниска вегетација, во Општина Лозово, село Бекирлија каде гори смрека, во Општина Куманово, серло Романовце каде е зафатена ниска вегетација и стрниште, како и во Општина Липково кај село Слупчане каде се зафатени ниска вегетација и борова шума и кај село Лојане кон село Миратовце каде горат ниска вегетација и стрниште.
Под контрола е пожарот во Општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје што зафати пасишта и мешана шума.
Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Штип на улицата „Вељко Влаховиќ“ бр. 1 (ниска вегетација), Општина Бутел, село Лубанци (ниска вегетација) и Општина Куманово, село Табановце и село Лојане, место викано „Сланишта“ (ниска вегетација и стрниште).
МИА
Ново на Сител
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед