ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
На територијата на државата до 18:00 часот има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, еден е под контрола и изгаснати 20 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот на подрачјето на „Јасен“ каде гори мешана шума и пожарот на потегот меѓу селата Девич и Грешница, во Општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација. Горат пасишта помеѓу селата Рогачево и Јажинце, во Општина Јегуновце, нискостеблеста шума кај селата Челопек и Милетино, во Општина Брвеница, стрниште кај село Аранѓел и ниска вегетација, кај село Мало Церско, во Општина Кичево.
Под контрола е пожарот кај место викано „Октишка Краста“, во Општина Струга каде гореше ниска вегетација.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа, денеска беа присутни на терен кај селото Октиси.
-Пожарот, иако имаше големи размери, е ставен под контрола, но на одредени места сè уште има чадења кои се внимателно следени од екипите на терен. Во гаснењето дејствува и авион „Ер трактор“ од ДЗС, кој интервенира од воздух, како и шест пожарникари и едно противпожарно возило од ТППЕ – Струга, десет лица од ЈП „Македонски шуми“, две возила „Пинцгауер“ од ДЗС и локални жители. Благодарение на навремената интервенција, координацијата на сите служби и несебичната помош на локалното население, спречено е ширење на пожарот кон населени места, објави ЦУК.
Изгаснати се пожарите во Општина Демир Хисар: с. Мало Илино (дабова шума); Општина Струга 1: место викано „Бегова Шума“, с. Делогожда (ниска вегетација и мешана шума); Општина Делчево: с. Очипала (ѓубриште и ниска вегетација); Општина Куманово 1: ул. Ѓорче Петров (ѓубре), с. Романовце (ниска вегетација), кај месна индустрија „Никси“ (ниска вегетација), нас. Карпош (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане: с. Челопек (ниска вегетација и стрниште); Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација); Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација) и с. Орланци (ѓубриште); Општина Сопиште: с. Св. Петка (ниска вегетација); Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ѓубриште); Општина Желино: с. Групчин (ниска вегетација); Општина Тетово: с. Селце (ниска вегетација) и кај ресторан „Сирич“ (ѓубриште); Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација); Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација); Општина Ресен: с. Дрмени (ниска вегетација) и Општина Чешиново – Облешево: с. Теранци (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот