Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
Четириесет и пет лица беа уапсени во Вашингтон синоќа, вклучувајќи 29 лица за кои се сомнева дека нелегално престојуваат во Соединетите Држави, соопшти Белата куќа.
Операцијата се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата администрација ќе ја преземе контролата врз Полициската управа на Вашингтон и ќе ја испрати Националната гарда во градот најмалку еден месец.
Белата куќа потврди дека локалните и федералните полицајци ќе бидат присутни во градот, работејќи 24 часа на ден, а повеќе од 1.650 припадници на обезбедувањето сега се вклучени во операцијата.
Портпаролот на Пентагон, Кингсли Вилсон, прецизираше дека Националната гарда ќе има овластување привремено да ги притвора луѓето, но нема да има право да апси, што останува одговорност на полицијата.
Дополнително, планот за федерализација вклучува и расчистување на камповите за бездомници и нивно преместување од центарот на градот, иако деталите за оваа операција сè уште не се познати.
Властите на Вашингтон веќе почнаа да ги затвораат камповите пред објавата на Трамп и се обидуваат да обезбедат дополнителни социјални услуги за раселените лица.
Мерката предизвика бројни реакции и загрижености за потенцијалната закана за правата и автономијата на локалните заедници.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни