Деветмина повредени кога автомобил влета во гледачи на парада во Холандија

Најмалку девет лица се повредени, од кои три потешко, кога автомобил вчеравлетал во гледачи на „Парадата на светлата“ во градот Нунспет во централна Холандија.
Локалната полиција соопшти дека сè уште не е јасно што точно се случило, но оти според првичните сознанија на истрагата, не станува збор за „чин на насилство“.
Засега не е соопштено што се случило со возачот на автомобилот, како ниту неговиот идентитет.
Холандските медиуми јавија дека на местото на инцидентот пристигнале неколку амбулантни возила и медицински хеликоптери.
Инцидентот се случил во текот на традиционалната „Парада светлата“ на која автомобили украсени со светилки и божиќни декорации парадираат меѓу градовите Елбург и Нунспет. Повредените лица биле гледачи кои дошле да ја следат парадата.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
