-->
-->
Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во Тексас, се истражува семејна врска во трагедијата
-->

Во вооружен инцидент што утринава се случил во Енглтон, во американската сојузна држава Тексас, две деца се убиени и повредени се уште две малолетни лица, јавија американските медиуми.
Едно од убиените деца било на возраст од четири години, додека другото имало 13 години.
Повредените деца, на возраст од осум и девет години, биле пренесени во болница, каде што моментално се во стабилна состојба.
Инцидентот се случил на станица за камиони, а локалната полиција привела осомничена жена.
Полицијата во моментов истражува можна семејна врска помеѓу осомничената жена и жртвите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
