Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија

Едно лице загина, а шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во холандската покраина Фрисланд, објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните служби за итни случаи.
Според нив, инцидентот се случил вчера на поле во близина на селото Де Хеве околу 21 часот по локално време. Според Кралското холандско воздухопловно здружение, балонот нагло се спуштил за време на пристапот кон слетувањето поради силен налет на ветер, како резултат на што кошот почнал да отскокнува и пет лица испаднале од него. Повредените се однесени во болници.
Во времето на инцидентот на балонот имало 34 лица.
На местото на инцидентот биле испратени два хеликоптери за воздушна амбуланта, 14 амбулантни возила, мобилен медицински тим и тим за итни случаи на Црвениот крст. Околностите на несреќата ги истражува воздухопловната полиција.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
