Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
Македонскиот фудбалски „дијамант“ Елиф Елмас, синоќа одигра извонреден натпревар против Белгија и е еден од најзаслужните за освоениот бод.
Македонија одигра 1:1 со големиот фаворит, иако имаше шанси да дојде и до целиот плен.
- Може да жалиме што не ја победивме Белгија. Во неколку наврати немавме среќа. Имавме две стативи во првото полувреме. Одигравме на високо ниво и треба да сме задоволни од нашата игра. Одиме на победа против Казахстан. Се надевам дека ќе освоиме три бода и ќе останеме во игра за пласман на Мундијалот, изјави Елмас по мечот со Белгија.
Во поредокот во Ј-групата од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026, лидер е Велс со 7 бода (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан собра 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтештајн нема освоен бод (3).
Ново на Сител
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани