Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
Одложена уште една акција за рушење на дивоградбите во Кочани. Пред половина година имаше издадено над 400 решенија за рушење на диво изградени објекти, но општината веќе 10 години нема склучено договор со фирма за вршење на ваква активност. По трагедијата во дискотеката „Пулс“ приоритет им се даде на нелегално изградените тераси на угостителски објекти во трговскиот центар.
- Јас се сомневам дека бројот на дивоградби е најмалку 3 пати поголем од бројот на констатирани од страна на инспекторите. Меѓутоа, јавно прашувам зошто тој инспектор не се појави на работа за да видиме кој објекти да ги срушиме, да ги даде неговите предмети и да започнеме со рушење. Нема калкулации, ќе ги рушиме сите објекти. Но., приоритет треба да имаат објектите каде што се собираат поголема група на луѓе како што се овие објекти, бидејќи овде не се загрозени само станарите, во овој стмбен блок има 96 станови, загрозени се и гостите о овие објекти, изјави Венко Крстевски, ВД градочаланик на Кочани.
Општината има двајца градежни инспектори, но издадените решенија за рушење не се активираат.
- Ќе ги преземеме сите законски дејствија. Најпрво ќе имаме пријава до Државен управен инспекторат, да ги провери сите предмети на градежните инспектори, дали се запазени сите рокови и законитоста. Овде има служби кои треба да утврдуваат одговорност, додаде Крстевски
Градежниот инспектор не се појави на терен со образложение дека му се влошила здравствената состојба.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар