Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД.
Претседателот Ердоган потенцира дека Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник помеѓу Иран и САД за намалување на тензиите и решавање на проблемите – се наведува во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател.
Во Истанбул денеска допатува шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.
Изминатите дена распоредени се дополнителни американски сили на Блиски Исток зголемувајќи ги стравувањата од можен напад врз Иран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека се „надева оти нема да мора да го нападне Иран.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
