Бизнис
11. November 2021 - 16:35

Европската комисија загрижена за растечкиот долг и буџетски дефицит

Економијата закрепнува, но опоравувањето кај јавните финансии ќе се пролонгира. Европската Комисија со критики за растечкиот буџетски дефицит, кој го зголемува и јавниот долг на државата. За нив е нејасен начинот како Владата планира да ја намали буџетската дупка, која достигна 5,6 отсто, а оптималното ниво е 3% од БДП. Загрижува и јавниот долг кој во моментов изнесува 64 отсто.

- Јавниот долг не треба да биде поголем од 60%. Ако долгот е голем, земјата мора да има програма каде постепено ќе се намалува. Ја советуавме Владата постепено да се врати кон фискалната консолидација, односно намалување на нивото на долг под 60%. Ако се усвои предлог буџетот, тоа ќе биде и обврска за нив, изјави Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делагацијата на ЕУ.

Комисијата со критики и за нереализираните капитални инвестиции, кои се двигател на економскиот раст.

„Во минатите години се утврди дека Владата тешко успева да ги реализира капиталните инвестиции и проектите за таа намена, на пример инфраструктурните проекти затоа доста сме критички настроени во тој поглед“, вели Јанмаат.

Бараат УЈП да ја подобри наплатата на даноци и да ја прошири даночната база. Изземање на плаќањето обврски кај дел од фирмите, веќе не смее да има. Добро е што расте личната потрошувачка, домашната побарувачка, инвестициите и извозот. Невработеноста ќе се намалува, но Комсијата препрачува да се најде начин младите да се вратат во земјава, бидејќи нацијата старее и ќе нема кој да работи. Загрижува и образовниот систем, кој не продуцира кадри што ги бара пазарот на труд. Инаку, во најновите прогнизи Комисјата очекува растот годинава да достигне 4%, а нардната 3,9, инфлацијата да се зголеми на 3,3%, и веќе од наредната, кога цените на енергенсите и прехранбените производи ќе се стабилизираат, да се намали на 2,2 осто.