Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца

Возачот на Ферари Шарл Леклер успеа да мине без оштетување на моторот при ударот во заштитната ограда на патеката во Монца и нема да добие „казнени места“ на стартот на следната трка што се вози викендов за Големата награда на Шпанија во Мадрид. Тој во вториот круг на трката во неделата за Големата награда на Италија изгуби контрола над болидот во свиокот Параболика при брзина поголема од 230 км/час.
До инцидентот дојде кога Леклер мина преку одводот за вода и болидот „потскокна“, а беше под притисок да се одбрани од Оскар Пјастри од Мекларен, кој беше зад него.
Ферари ќе мора да ја менува кутијата на менувачот, но нема да има нови погонски единици за трката во Мадрид што е олеснителна околност. Италијанскиот тим не мина добро на трката во Монца бидејќи вториот возач Луис Хамилтон го освои шестото место, а малку недостасуваше двата болида да се судрат веќе во првиот круг.
Кај конструкторите Ферари имаа 122 бода помалку од лидерот Мерцедес.
МИА
Ново на Сител
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
