„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје

Авионската компанија „Флајдубаи“ (flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром Скопје. Предвидени се ти лета неделно - во понеделник, четврток и сабота.
Со обновувањето на линијата, патниците повторно ќе добијат директна воздушна врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност за поврзување со стотици дестинации преку партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу „Флајдубаи“ и „Емирати“.
Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит, посочува дека повторното воспоставување на линијата ја потврдува посветеноста на компанијата кон поврзување на пазарите кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи.
-Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „Флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност, изјави Ал Гаит.
Вишиот потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во компанијата, Џејхун Ефенди, оцени дека обновувањето на линијата ќе им овозможи на патниците поголем избор и флексибилност.
-Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти, а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија, вели Ефенди.
Преку партнерството со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да продолжат кон бројни дестинации во Австралија и Азија, меѓу кои Шангај и Сингапур, како и кон дестинации од мрежата на „Флајдубаи“, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Патниците ќе имаат можност за единствена резервација и регистрирање на багажот директно до крајната дестинација.
Флајдубаи“ првпат започна да лета на релација Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а со повторното воведување на линијата повторно ќе биде присутна на македонскиот авиосообраќаен пазар.
„Флајдубаи“ располага со флота од 99 авиони „Боинг 737“, а со повторното воведување на линијата до Скопје нејзината мрежа ќе опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
