„Фолксваген“ најави инвестиција од 2,5 милијарди евра во Кина
Германската автомобилска групација „Фолксваген“ најави дека ќе вложи 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот погон во градот Хефеј, источна Кина.
- Центарот во Хефеј ќе ѝ помогне на компанијата да ги донесе своите технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила. „Фолксваген“ се подготвува да произведе во Кина две возила што ги развива во соработка со кинескиот партнер „Експенг“, а тоа производството треба да почне во 2026 година, изјави членот на управниот одбор на „Фолксваген“ за Кина, Ралф Брандштатер.
На крајот од 2022 година, „Фолксваген“ ја загуби „титулата“ најпродаван бренд автомобили во Кина, којашто ѝ припадна на домашната компанија за производство на електрични возила, „БИД“. Германскиот гигант најави серија нови електрични модели во своето кинеско портфолио за да го врати изгубениот удел на најголемиот автомобилски пазар во светот.
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
