Гаши денеска стабилен
Собранискиот спикер Африм Гаши кој во вторникот вечер заврши на Клиниката за абдоменална хирургија поради преплет црева и денеска е во стабилна состојба, информираат од болницата. Гаши се уште е само на таблетарна терапија и нема одлука за операција.
- Подобар е и во стабилна состојба. Утре ќе направиме нови проверки. Нема одлука за операција - ни изјави Огнен Костовски, директор на Клиниката.
Гаши, според хиерархијата на власта е втор човек во државата. Претседателот на Собранието, според Уставот, го заменува претседателот на државата кога тој е спречен да ја врши својата функција. Според надлежностите тој не само што го претставува парламентот, туку е единствено одговорен за свикување на собраниските седници, но и за распишување на избори. Но, хоспитализацијата на собранискиот претседател не ја попречи редовната работа на парламентот. Со денешната седница, согласно Деловникот, ќе претседава заменик-претседателот Антонио Милошоски.
Преплет црева е акутно и серизоно заболување што се јавува како резултат на застој во дигестивниот тркат поради некои други здравствени состојби при што цревата престануваат да работат, а може и да се вплеткаат едно во друго. Ако не се интервенира навреме, завшува со оперативен зафат, од кој е потребно подолго опороваување.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати