Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека од денеска започнал теренски посети со цел подготовка на програмата за локалните избори заедно со граѓаните.
Во гостување на ТВ Сител Ѓорѓиевски вечерва истакна дека верува оти скопјани ќе му дадат шанса да го води градот. Г лавните пробеми што ќе ги решава се поврзани со комуналната хигиена, јавниот транспорт и сообраќајниот хаос, за кучињата скитници, почист воздух, за што ветува дека под негово водство нема да толерира функцонирање на ниту еден загадувач. Ветува и генерален урбанистички план за Скопје и оценува дека ќе се понуди алтернатива за ширење на градот.
- Во кампањата нема да ги повторувам проблемите кои ги живееме овие четири години туку ќе понудам решенија кои за кратко време ќе понудат достоинствен живот. Скопје моменто е целосно деватиран град. Тука сум да понудам решенија, ќе ги креирам заедно со граѓаните. Имам целосен концепт за градот но најдобро е тоа да се направиме заедно со граѓаните, рече Ѓорѓиевски.
Очекува, како што рече, поддршка од коалициските партнери ЗНАМ за наша Македонија и Вреди, но и од останатите политички партии.
Градот ќе се развива рамномерно, свесни сме дека граѓаните бараат итни промени, рече Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа