Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање

Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло.
Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да биде изгласан во словенечкиот парламент. Инаку, на изборите одржани на 22 март, партијата на Голоб, Движење Слобода, освои релативно мнозинство гласови, но тој не успеа да обезбеди коалициски партнери за формирање стабилно парламентарно мнозинство.
Словенечките избори добија меѓународна димензија откога Голоб алармира за средби меѓу претставници на приватната израелска разузнавачка компанија „Блек кјуб“ (Black Cube) и Јанша. Иако лидерот на СДП првично ги отфрли тврдењата како обид за дефокусирање од внатрешните проблеми, тој подоцна потврди дека остварил средби со претставници на компанијата. Пред формирањето на коалицијата на Јанша, во јавноста повторно се појавија предупредувања за паравоени разузнавачки влијанија врз изборниот процес, поради што беа поднесени и две жалби до Уставниот суд, а заседаваше и Секретаријатот на Советот за национална безбедност.
Голоб на социјалната мрежа Икс напиша дека аферата „Блек кјуб“ покажува оти Јанша е подготвен да ја предаде сопствената држава.
– Се стигна дотаму што некој кој сака да добие мандат за влада, буквално ја демонтира словенечката полиција за да ги уништи доказите за аферата да не излезе на виделина. Со ова мора да се позанимава Уставниот суд, бидејќи станува збор за странско мешање во нашите избори со единствена цел – преку лажни информации да се влијае врз слободната волја на граѓаните – изјави Голоб во интервју за РТВ Сло.
Тој додаде дека поради цврстото уверување во нелегитимноста на процесот, неговата партија е подготвена да отстапи и да му ја препушти власта на технички премиер, со цел да се организираат нови и чесни избори на кои граѓаните точно ќе знаат за што гласаат.
МИА
Ново на Сител
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
-

Обвинителот Игорчо Крстов бара Ива Михаилова јавно да се извини за клеветењата
