Идентификувани четири ретки смртоносни вируси во Турција

Група турски научници идентификуваа четири ретки вируси во Турција, што причинуваат хеморагична треска, слабост на бубрезите и слични симптоми и може да доведат до смрт, објави „Сабах“.
Тим научници од Катедрата по биологија при универзитетот „Булент Еџевит“, предводени од професорот Мехмет Али Јоктем од универзитетот „Докуз Ејљул“, спровеле испитување на неколку хантавируси, што се развиваат кај глодари и мали цицачи во Турција, при што се дефинирани четири конкретни подвидови, што можат да причинат заболувања и кај човекот.
Новооткриените ретки вируси се пренесуваат од глодач на човек. Имињата ги добиле по провинциите или градовите, каде што биле откриени: „Dobrava Hantavirus Igneada“, „Dobrava Hantavirus Giresun“, „Puumala Hantavirus Bartın“ и „Tuula Hantavirus Palandoken”.
– Оваа група смртоносни вируси е веќе позната во светот. Ние само ги идентификувавме овие подвидови откриени во Турција, нагласи професорот Јоктем.
За нив сѐ уште не е пронајден лек, но Јоктем истакнува дека „ако вирусот биде рано дијагностициран, пациентот може да остане жив со помош на терапија што би го одржала имунолошкиот систем”.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
