Индустриското производство паѓа, но не во ТИРЗ - оптимизам за нови странски инвестиции
6 странски компании веќе почнаа со инвестиции и вработувања, на 12 се чека во втората половина од годинава. Директорот на ТИРЗ задоволен – стартот на оваа влева оптимизам дека ќе биде успешна 2022та. Најавен е и влез на три компании од енергетиката кои вкупно ќе вложат 400 милиои евра.
Вчера статистиката објави пад на индустриското производство за 5%, - најмногу во преработувачката индустрија. Но, Деспотовски вели – кај странските компании нема пад. Напротив, во јануари, првичните бројки покажуваат раст на извозот, а пад на увозот.
Минатата година во Европа се произведоа и продадоа помалку возила дури и од 2020та, кога почна ковид пандемијата, а најмалку од 1990та од кога се воведе ваквата статистика. Најголем дел од компаниите лоцирани во ТИРЗОвите се токму од автомобилската индустрија. Тие алармираа дека трендот ќе продолжи и првата половина од годинава, пред се поради глобалниот проблем со недостиг на микро чипови. Затоа побараа помош од држава.
Деспотовски вели – на дел од компаниите веќе им помогнале, а доколку има потреба, тоа ќе го направат и годинава.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
