Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп

Претседателот на иранскиот парламент се закани со напади врз енергетската инфраструктура доколку продажбата на нафта на земјата остане блокирана, јави денеска државната новинска агенција ИРНА.
– Во регион каде што ние не можеме да продаваме нафта, никој нема да продава нафта. Ако нашата безбедност не е загарантирана, ниту една инфраструктура нема да биде безбедна, изјави Мохамед Багер Галибаф, пренесе ДПА:
Изјавата на Галибаф е одговор на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН минатата недела, во кој тој повторно се закани со жестоки удари против Иран.
Американската војска од средината на јули спроведува поморска блокада за бродовите кои се обидуваат да влезат или излезат од иранските пристаништа, со што иранската трговија со нафта ја доведе до речиси целосен застој.
Укинувањето на блокадата се смета за централно иранско барање во преговорите со САД за ставање крај на војната.
Иран и сојузничките милиции изминатите месеци беа обвинети за напади насочени врз енергетската инфраструктура – вклучувајќи гасоводи и рафинерии – во сопственост на соседните арапски држави.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
