-->
-->
Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-->

Морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа го координирала минувањето на 25 пловила низ Ормуската теснина.
Во соопштението се прецизира дека меѓу пловилата имало танкери за нафта, контејнерски бродови и други комерцијални бродови. Како што се наведува, минувањето на бродовите било извршено по добивањето на потребната дозвола и под координација и безбедносна заштита на Морнарицата на ИРГЦ, пренесува Press TV.
Во соопштението се наведува дека силите на ИРГЦ продолжуваат одлучно да ја одржуваат контролата над Ормуската Теснина, наспроти, како што се вели, „несигурноста која е резултат на агресивните акции на американската војска“ во овој стратешки пловен пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
