Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби синоќа беше пречекан со огномет, бакљи и петарди во скопската општина Чаир, откако му истече мерката куќен притвор во рамките на судската постапка за случајот „Државна лотарија“.
Десетици граѓани, пријатели и поддржувачи се собраа за да го поздрават неговото излегување од куќен притвор. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи славеничка атмосфера, со пиротехника и поздравување на поранешниот функционер.
Мерката куќен притвор му престана на 13 октомври, по истекувањето на законски предвидениот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог.
Сепак, Груби останува без патна исправа, откако Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на неговата одбрана за враќање на пасошот со понудена гаранција. Против него продолжуваат да важат и дополнителни мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето и обврска повремено да се јавува во суд.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
