Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари го утврди предложениоет текст на законот, со кој треба да се зајакне независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.
Клучни измени во предлог-законот, како што посочи Министерство за правда, се: детаљно уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот; засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието.
Исто така, со законот треба да се овозможи зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси; воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет и детаљно уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледа и прифати во прво читање предлог-законот за Советот на јавните обвинители на седница на 27 март, кога министерот за правда Игор Филков истакна дека тој претставува „еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем и зајакнувањето на владеењето на правото“, напомнувајќи дека законот добил позитивно мислење и од Венециската комисија со неколку препораки, кои се вградени во предлогот.
-Овој закон е дел од поширок реформски пакет и има цел да одговори на утврдените слабости во функционирањето на Јавното обвинителство и неговите управувачки структури, како и да обезбеди усогласување со европските стандарди и препораки. Предло-законот за Советот на јавните обвинители заедно со предлог-законот за јЈвното обвинителство беа доставени на мислење до Венециската комисија и притоа таа усвои позитивно мислење со неколку препораки. Сите препораки се внесени во предлог-законот, истакна Филков на комисисиката седница, додавајќи дека донесувањето на законот ќе значи исполнување чекор од реформската агенда во областа од владеење на правото.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
