Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ - Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало да заврши на албанска страна.
- Вчера во 5:20 часот, полициските службеници го лишиле од слобода К.Б., на возраст од 34 години од Дебар, кој на патот од Дебар кон Република Албанија, заедно со уште едно лице, во товарно возило превезувале добиток, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Според него, на издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство.
- По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи Димоски.
Шверцот на добиток од македонска на албанска територија не е реткост, поради повисоката цена на месото во соседна Албанија.
Ново на Сител
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила