Какви ефекти ќе има укинувањето на персоналецот за ИТ секторот?
Укинувањето на персоналецот за информатичарите ќе воведе дисторзија во даночниот систем. Нула данок ќе бараат и останатите дефицитарни кадри, а самото намалување односно укинување - не е решение да се задржат младите во земјава, смета даночниот експерт Гацов. Позначајни, според него, се структурните реформи.
- Овој данок е во колизија и со правичното одданочување. Поентата беше кој заработува повеќе да плаќа повеќе. Затоа потребно е да има разграничување, односно да се знае за кој ќе важи. На пример – мерката може да даде резулатт само за нововработени, но мора да има лимит, до која сума нема да се плаќа данок, а над таа, да се плаќа, изјави Павле Гацов, даночен експерт.
Најголем дел од програмерите работат за странски компании, што значи персоналниот данок од 10% го плаќаат сами. Токму информатичарите, според статистиката земаат највиски плати, чиј просек изнесува 74 илјади денари, или 2,5 пати повеќе од просечната плата.
Укинување на персоналниот данок за ИТ индистријата е едно од ветувањата на оваа власт.
Но, во програмата најавено беше дека ќе оди постепено, односно секоја година ќе се намалува – од сегашните 10, на 5 па на 3%, за на крај целосно да се укине.
Вчера премиерот Ковачевски на ФБ објави дека дека од наредната година, данокот за програмерите ќе изнесува 0%.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
