Какви економски последици врз земјава ќе има кризата?
Руско украинскиот конфликт ги вивна цените не енергенсите на светските берзи.
Гасот поскапе за над 10%, горивата го достигнаа максимумот во последните 7,5 години. На лондонската берза барелот скокна за речиси 3 долари, или над 3%. Акциите на компаниите пак, во слободен пад. Најмногу, скоро 10 отсто потона руската берза, додека европските и азиските за скоро 1%.
Најавите за санкции, дополнително ја подгреваат неизвесноста кај инвеститирите. Кои ќе бидат следните чекори – рано е да се каже. Се ќе зависи од обемот и интензитетот на санкциите кои ќе следат, вели универзитетскиот професор Петрески. За мала економија како нашата, директните ефекти од руско украинскиот конфликт нема да бидат големи, но загрижуваат индиректните, вели Петрески.
-Она што е позначајно се индиректните ефекти, како оваа криза ќе се одрази глобално – посебно низ пазарите во Европа. Овде пред се мислам на енергијата и примарните призиводи – житариците и храната генерално. Бидејќи и Русија и Украина се извозници на ове артикли. Главната рефлекија би била врз нивните цени, кои и изминатиов период имаа нагорен притисок, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.
Експерите со апел до Владите – да се подготват за сите можни сценарија. Извесно е дека цените ќе продолжат да растат, ќе им треба помош на граѓаните.
-Секоја економија треба да презема мерки, посебно за заштита на најранливите категории. Препора владите одат во иста насока, додава Петрески.
Состојбата будно се следи, вели минитерот за економија Бектеши. За сега, не очекува дека ќе има ново поскапување на струјата.
Опасност да не останеме без гас, според Бектеши нема. До краот на годината очекува деак нема да има промена во цената на топлинската енергија. Но, ако е потребно, ќе се воведат дополнителни мерки за да се заштити на стандардот на граѓаните.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
