Карбинци го уредува речното корито на Козјачка река
Заради превентива од поплави како таа во 2015 година, кога Козјачка река се излеа од нејзиното корито, а голем дел од општина Карбинци остана под вода, втора година по ред се работи на проектот за уредување на сливното подрачје на реката. Деновиве започна реализацијата на четвртата и последна фаза, со што трајно ќе биде решен проблемот.
-Реализацијата на овој проект ќе ја чини општина Карбинци 7.400.000 денари, од кои 5 милиојни ги обезбедивме од буџетот, односно од министерството за животна средина, а остатокот е кофинансирање од општина Карбинци. Конечно и трајно ќе го заштитиме ова речно корито без опасност од излевање и дополнителни штети во идно време- изјави Виктор Паунов, градоначалник на О.Карбинци.
Козјачка река извира од падините на Плачковица и при обилни врнежи од дожд, долж течението оставаше вистински пустош. Во поплавите од пред 7 години беше уништена патната инфраструктура што го поврзува селото, а жителите неколку дена останаа без вода за пиење и фиксна телефонија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар