Конференција за предизвиците пост ковид пандемијата
Ковид кризата е зад нас, сега е период на економско закрепнување. Што треба да се направи за да се забрза растот и да се подобри животниот стандард на граѓаните - дебатираа учесниците на економскиот форум. Според премиерот Заев, позитивните бројки потврдуваат дека економијата се враќа во нормала.
Пандемијата затвори многу работни места, но државата финансиски им помогна, што резултираше со зголемен буџетски дефицит. Следна задача, според министеот за финансии Бесими – ќе биде негово намалување . За вицепремиерот Груби пак, најголемиот предизвик, која го поткопува кредибилитетот на институциите е корупцијата.
Масовна вакцинација за економско закрепнување, намалување на јавниот долг и растечката инфалција – препорачува Светска банка.
-Светска банка треба да се оцени дали растот е од времен карактер или долгорочен проблем. Ако е така, државите ќе треба преку своите монетарани политики да го спречат растот на цените.
Секоја криза создава можности, истите треба да се искористат, порача амерканската амбасадорка во земјава БРНЗ. Се отворија нови бизниси расте е трговијата, он лајн услугите, се вложува во инфаструктура.
-Македонија работи напорно и за подобрување на инфраструктурата, посебно Коридорот 8 и 10.
Регионалниот секретар за соработка Брегу пак, повика на заедничка соработка меѓу земјите од Западен Балкан, за да се решат проблемите кои го мачат регионот, а тоа се невработеноста, корупцијата и одливот на мозоци. Во спротивно, вели, можно е соочување со уште поголема криза.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
