Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари

За тешка кражба сторена во кругот на фабриката „Железара“, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица. За еден е предложен притвор, а за двајца мерки на претпазливост.
Според ОЈО, обвинетите, во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“ одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци.
При извршувањето на кражбата, тие оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, при што предизвикале штета проценета на 800.000 денари.По натоварувањето на каблите во автомобил и обидот да го напуштат фабричкиот круг, тројцата биле забележани, по што биле приведени и лишени од слобода.
Со обвинителниот акт, јавниот обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за еден од обвинетите додека за другите двајца остануваат на сила претходно изречените мерки на претпазливост.
МИА
Ново на Сител
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање
-

Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
-

Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
